Екипата на „Инфомакс“ информира за прекршување на изборниот процес во Битола, каде за време на изборната кампања пред вториот круг од локалните избори се реконструираат улици.
Реконструкцијата се одвива во битолската населба Јени маале, каде што власта ги изгуби изборите катастрофално, а сега се обидува на секој можен начин да си ги поврати гласовите, пренесува порталот.
Во моментот го гребат асфалтот, а се очекува, како што изјавил изведувачот, улицата да биде готова до утре вечер, ден пред изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.