Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека се врши исплата на правата од социјална и детска заштита, како и на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства на паднатите борци и Законот за материјално обезбедување на учесниците во НОВ, за месец април 2019 година.
Ова е класично кршење на Изборниот законик и судир на интереси, бидејќи спротивно на законите, исплатата се врши во изборен период. Исплаќањето доаѓа на последниот ден од претседателската кампања, само два дена пред гласањето во вториот круг на претседателските избори.
Дали Антикорупциската комисија ќе поведе постапка против министерката Мила Царовска за поткуп на гласачи и изборни нерегуларности?
Пред првиот круг ДСКС реагираше на сличен случај, со поткуп на 2.000 земјоделци.
Инаку, МТСП соопшти дека ќе се исплатат:
Права од социјална заштита:
• Социјална парична помош
• Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега)
• Цивилна инвалиднина
• Мобилност и слепило
• Постојана парична помош
• Еднократна парична помош
• Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа
• Сместување во згрижувачко семејство
• Парична помош за студирање
• Парична помош за згрижувач
• Социјално домување
• Азиланти домување
• Социјална парична помош за азиланти
• Субвенции за електрична енергија
Права од детска заштита:
• Детски додаток
• Еднократна парична помош за новороденче
• Родителски додаток за трето дете
• Родителски додаток за четврто дете
• Единствен родителски додаток
• Посебен додаток-за месец 5/2019 година
Права на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства на паднатите борци и Законот за материјално обезбедување на учесниците во НОВ:
• Група инвалидитет
• Ортопетски додаток
• Нега и помош
• Семејна инвалиднина
• Соуживатели на семејна инвалиднина
• Зголемена семејна инвалиднина
• Инвалидски додаток
• Додаток за деца
• Материјално обезбедување
• Нега и помош за материјалци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.