После Струмица кај Заеви, Куманово кај Оливер, следна е Битола за поткуп, велат од „Следиме“ кои објавија видео како вчеравечер се делат хуманитарни пакети на социјално ранливи семејста. Како што е наведено, снимката е направена за време на полицискиот час на улицата „Кочо Рацин“ во битолската брусничка населба, каде што се наоѓаат зградите со социјалните станови.

Од битолскиот Црвен крст, чии волонтери ги делеа пакетите, велат дека немало ништо политичко во оваа постапка и дека организацијата три месеци е на терен за да помогне на најранливите.

Битолчани сепак реагираат што „помошта“ секогаш се дели баш ноќе и за време на полициски час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.