Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конфренеција не објави полициски час за време на викендот, објаснувајќи дека ќе ја следат состојбата и ако ситуацијата се влоши тогаш наредната недела може да донесат одлука за порестриктивни мерки, вклучувајќи и целосно заклучување за викенд. Според него и првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, овој бран треба да стивне.
Но, дали во сето ова и пресметан ризик, за да му се удоволи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги одржи вантрепартиските избори за претседател на оваа партија во недела, прашува „Нетпрес“, потсетувајќи дека само Зоран Заев е канидат за претседател на СДСМ.
Имајќи во предвид дека бројките постојано се во нагорна линија, а вчера отидоа на речиси 1.300 новозаразени лица и 24 нови починати, а со оглед на тоа дека ќе се гласа физички во општинските организации на СДСМ, прашање е дали некој размислува за последиците.
Од друга страна, вкупната бројка на заразени со коронавирусот од почеткот на епидемијата Македонија изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, додека бројот на активните случаи на коронаинфекции во моментов изнесува 12.819.
Новиот мандат на Заев на чело на СДСМ може да испадне многу скап и да биде платен со, не дај Боже, човечки животи, пишува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.