По втор пат поставена табла пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп.
Согласно договорот од Преспа, властите наместија нова табла пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп, откако претходната беше преку ноќ отстранета.
За разлика од првата која беше мала и незабележителна, сега новата е со конструкција зацврстена со завртки.
Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство – пишува на таблата.
Вака изгледаше првата табла која беше поставена во август месец минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.