Поставен е бројчаникот на Зоран Заев на Триумфалната капија: 1136 починати, 39.760 заразени, 2.000.000.000 евра долг, 40.000 избркани од работа, вето за ЕУ. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска на Портата Македонија поставија транспарент на кој се испишани последните неуспеси и трагедии предизвикани од неспособноста на на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Бројчаникот кој го вети Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на КОВИД и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60% од БДП. Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев, затоа треба оставка и тоа веднаш. Денес, го прашуваме СДСМ дали можете уште повеќе и уште подобро? Ние одговорот го знаеме, сигурни сме дека можете уште повеќе и уште полошо, рече портпаролот на ВМРОДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција одржана пред бројчаникот на Заев.
Периодов наместо да броиме успеси, броиме неуспеси и трагедии, додаде Стоилковски.
Овие 1136 починати лица, не се само обична бројка на хартија, тоа се нечии родители, браќа, сестри, деца, тоа се судбини на илјадници семејства, голем број од кои можеби ќе ја преживееле болеста доколку за тест не се чека и по неколку дена, па потоа за резултат уште толку. Голем дел ќе преживееле, доколку имаше слободни места во болниците. Голем дел ќе преживееле доколку имаа пари да се лечат во приватните болници, за што се собираа донации, бидејќи државното здравство потфрли. Ова е трагедијата на македонското здравство на чело со Венко Филипче. Затоа мора оставка веднаш. Македонија нема луѓе за губење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.