Нов сведок на обвинителството го демантираше исказот на претходниот сведок повикан од истото обвинителство. Ако пред десетина дена, Александар Василевски Нинџа на судењето за наводните организатори на настаните од 27 април, тврдеше дека бил соработник на УБК, денеска шефот на службата за набљудување во управата, Драгче Стојчевски, вели дека Нинџа бил следен од УБК.
Пред судот рече дека никогаш не добил наредба за следење на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Јовче Ременски.
Според одбраната, таквиот исказ на сведокот го направил безвредно сведочењето на Нинџа.
Поранешниот началник на одделот за набљудување во УБК беше последниот сведок на обвинителството со кој Русковска докажува дека четворицата обвинети се наводните организатори на случувањата од 27 април. Пред судот сведочеа и амнестирани од претходниот судски процес. Наредното судење ќе продолжи со изведување на материјални докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.