Во периодот од 22 до 28 август Центарот за јавно здравје Охрид регистрирал присуство на КОВИД-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 13 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар. Активни случаи во Охрид се 31, во Струга 61, а во Дебар 85. Оздравени се 45 лица од Охрид, 98 лица од Струга и 4 лица од Дебар. Починале 3 лица од општина Дебар. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Во овој период ЦЗЈ зел материјали за тестирање на присуство на Ковид-19 од вкупно 133 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Од нив, 86 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 47 материјали биле земени со упат од матичен лекар.

Податоците на Центарот за јавно здравје покажуваат дека од почетокот на епидемијата до 28 август лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1.114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 333 лица во општина Охрид и Дебрца, 557 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 282, од Струга се 448, а од Дебар и Центар Жупа се 156 пациенти. Во општина Охрид и Дебарца има 10 починати пациенти, од општина Струга се починати 48, а од Дебар и Центар Жупа се починати 11 лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.