Вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ Лешок информираа дека почина Марица Божиновска, медицинска сестра во амбулантата, објави порталот Тетовоинфо.
Последен поздрав до нашата почитувана и драга колешка Марица. Горди сме што беше наша колешка и соработник, беше врвен професионалец посветен на својата професија, но пред се беше човек со големо срце исполнето со љубов, добрина и почит кон сите нас, пренесува Тетовинфо.
Марица е родена 1978 година, беше сопруга и мајка на две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.