АKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP, официјалните претставници на LEMA Racing, соработници, натпреварувачи, како и гости кои беа најавени и пристигнати од Словенија, Унгарија, Србија (40 пријавени возила и 148 присутни) денеска беа спречени да го изведат интернационалниот настап за TWINGO CUP на тркачката патека во Серес, Грција.

„И покрај почитување на сите формалности и регулативи од страна на организаторот како и предвремено исплаќање на сите организациски трошоци според договорот (вклучувајќи странски судии од ФИА, ФИА делегати од Словенија, маршали па сѐ до директен пренос за емитување на трката итн) без навремена најава на 26.06.2021 (сабота) наутро организаторите на тркачката патека по налог на Грчката автомобилска федерација (ОМАЕ), како и Министерството за надворешни работи на Грција не дозволија да се одржи настанот притоа и без можност ексклузивно да се користи стазата од страна на странските гости. Како образложение за забраната за трката е наведено дека причината е спорот со називот на Автомобилистичката федерација на Македонија која ја нема придавката ‘Северна’ согласно договорот од Преспа потпишан помеѓу двете држави“, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.