Посебната единица за поддршка (ПЕП), доби специјална полициска опрема за случаи на нарушен јавен ред и мир во поголем обем.

Опремата е дел од финансиската донација на Владата на Чешка за потребите на МВР.

МВР информира дека станува збор за опрема од заштитен карактер, која се користи за време на насилни протести и немири, а во неа влегуваат заштитни елеци, штитници за пределот на рацете и штитници за пределот на нозете, чија основна намена е заштита на полициските службеници од повреди. Воедно, покрај оваа опрема, извршена е и набавка на заштитни штитови за јавен ред и мир.

Специјалната полициска опрема за припадниците на Посебната единица за поддршка претставува уште една активност во континуираните напори на МВР за подобрување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, што беше позиционирано меѓу највисоките приоритети за раководството на МВР во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерно опремена и професионално подготвена полициска служба, согласно сите европски стандарди – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.