Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија потврди дека ноќниот клуб Аватар продолжил со работа и по бурните реакциите од страна на граѓаните за непочитување на здравствените прописи, но преименувајќи се во кафе бар „Аватар“.

Во дебата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, посочувајќи дека министерот за здравство Венко Филипче и комисијата за заразни болести прогласија победа над корона вирусот уште во мај, праша зошто тогаш не функционираат одредени дејности.

Ние се уште немаме реални мерки, од страна на Венко Филипче и тој фамозен одбор на доктори кои што требаше да се справат со кризата, односно тоа координативно тело за справување прогласи победа на корона кризата уште во мај месец. Ако прогласија победа во мај, тогаш зошто сега во моментот не функционираат одредени дејности како ресторани за свадбени прослави. Никој не го есапи угостителксиот сектор, а од друга страна блиските релации на сопстевници на ноќен клуб од Струмица со Зоран Заев и со неговиот зет им се дозволува да работат, праша Арсовски.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одговори дека веднаш се интервенирало, а диското било затворено. Арсовски реплицираше дека дискотеката Аватар била отворена, а дека од семјеството на Заеви биле чести посетители. Кузеска се бранеше дека тоа било пренаменето од ноќен клуб во кафе бар.

Со ова порпаролката на СДСМ призна дека пренамената е направена само за да се избегне казната за непочитување на здравствените прописи, потенцираше Арсовски велејќи какво е тоа диско да извади дозвола за работа до 12 часот, да прави свирки и да пушта безброј луѓе и се уште не е затворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.