Ќе понесе ли премиерот Зоран Заев одговорност за недобивањето датум за преговори? Откако распродаде се, промени име на државата, ја смени историјата, вратите на ЕУ останаа затворени.
Вчера Македонија остана без преговарачката рамка денеска во Луксембург по завршената дискусија во Советот за општи работи. Бугарската страна одбивала да попушти. Бугарскиот претставник порачал дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули.
Во јуни 2019 година Зоран Заев изјави дека ќе поднесе оставка доколку де добиеме датум за преговори:
Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат – изјави тогаш Заев во интервју за „Ле Соар“.
По долги натегања Заев распиша избори кои ги доби тесно, благодарение на албанските гласови. Потоа продолжи со распродавање на историјата, на идентитетот… Но Бугарија стави вето.
Во јануари, кога добивме вето од Бугарија изјави дека еднаш веќе дал оставка на барање на опозицијата и излегол на предвремени избори, на кои повторно добил доверба од граѓаните поради што не планира да поднесе оставка. Како што рече, оставка би значело изневерување на граѓаните, од кои барал втор чист мандат, кога есента 2019 година поднесе оставка поради француското вето.
-Во октомври 2019 година поднесов оставка, на барање на опозицијата, по француското ‘не’ за почеток на преговорите. Во меѓувреме, добивме одлука за старт на преговорите со ЕУ, а граѓаните ми дадоа доверба за уште еден мандат, така што нови избори би значеле изневерување на граѓаните. Нема да го направам тоа, а и нема логика да се организираат нови избори што би завршиле исто како и неодамнешните – рече Заев, коментирајќи дека СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ на последните анкети – рече Заев во јануари годинава.
Но што по новото вето? Дали разочарувањето кај граѓаните е поголемо доколу Заев си даде оставка или пак од повторно затворените врати и покрај убедувањето дека со таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија тие ќе се отворат? Го исполни ли Заев даденото ветување пред граѓаните?
Денеска реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Заев вети – Заев излажа. Три години празни ветувања дека сме го добиле датумот и дека отпочнуваме преговори со Европската Унија, три години разочарувања за граѓаните. Уште пред три години, Заев вети дека ќе си поднесе оставка доколку не почнеме преговори со ЕУ. Поминаа три полни години од сликата во авионот со која Заев не убедуваше дека веќе преговараме со ЕУ, се вели во денешната изјава на Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија останува и пред портите на ЕУ, и национално понижена.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат доколку Заев не е подготвен за оставка – граѓаните се подготвени да му го покажат излезот. Време е за промени.
Дадовме сѐ! Дадовме име, распродаваме идентитет, распродаваме историја, менуваме химна… Од Македонија и македонско ништо не остана! Остана Заев! До кога?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.