Едно од предизборните ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше токму намалувањето на општинскиот долг. Сепак, долгот, не само што не се намали, туку оваа општина веќе важи за најголем „должник“ од вкупно 80 општини во земјава, а за само три месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за 1,4 милиони евра, пишува Порталб.мк., а објави „Мета“.

Иако Општина Тетово не кажува кому му должи, наодите од истражувањето на „Scoop“ во соработка со Институтот за човекови права и медиум, покажуваат дека оваа општина е најголем должник од вкупно 80 општини во државата.

Во моментов, Општина Тетово има акумулирано долг од 9,4 милиони евра, следува Општина Охрид со 6,7 милиони евра, а на трето место е Општина Карпош со долг од 5,2 милиони евра.

Една од најголемите критики кон градоначалничката на Тетово кон нејзиниот претходник, поранешниот градоначалник на оваа општина, Сади Беџети, беше токму големото задолжување на општината.

Затоа, Теута Арифи во последното емисија на „Вистинска дебата“ (“Debat për nime”) за Порталб.мк и Kallxo.com вети дека за време на овој мандат, значително ќе се намали општинскиот долг за секоја година по 1 милион евра.

Нашиот план е да го намалиме општинскиот долг за 1 милион евра секоја година, рече Теута Арифи, во 2017 година.

Но тоа не се случи, напротив – долгот на Општина Тетово се зголеми од 8 милиони евра во 2013 година, на 9,4 милиони евра денес.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.