Зоран Заев денеска и официјално треба да стане поранешен премиер. Дојде како премиер на Република Македонија а си заминува како претседател на владата на неговата творба „Северна“.

По пет години на чело на државата Заев ќе биде запаметен по неколку работи:  разнебитувањето на се што е македонско и по понижувањата што ги доживува македонскиот народ од страна на источниот а претходно и од јужниот сосед.

На внатрешен план пак Заев ќе го паметиме дека ја доведе Македонија да биде хибриден режим, по искачувањето на листата на корупција, по партизираното судство…. има многу за набројување.

По странските инвестиции сигурно нема да го запаметиме бидејќи во негово време не дојде ниту еден сериозен инвеститор туку и и тие што ги имавме Македонија ја заменија со Србија.

Фотографии од октомври 2020

Странските инвеститори бараат и инфраструктура а во „заево“ време не се изгради ниту еден автопат. Згора на тоа се продолжи рокот за изградба на делницата Кичево-Охрид која како што стојат работите ќе ја чека новата влада која и го почна автопатот.

Западот го донесе , Бугарија го однесе

Зоран Заев сиве овие години важеше за омилен западен политичар. Почна со бомби кои ги пукаше со дозвола на „големите“, па му направија „Пржински договор без избори да дојде на власт. Потоа се случија и изборите 2016 година на кои повторно не победи но со помош на ДУИ и „црвениот телефон“ кој зазвони во Мала Речица партијата на Али Ахмети реши наместо со победничката ВМРО-ДПМНЕ влада да направи со СДСМ.

Осоколен од големата поддршка отстрана го смени името без успешен референдум, потпиша договор со Бугарија, протурка насила уставни измени, ја внесе „Северна“ во НАТО и се надеваше дека ќе почне преговори со ЕУ.

Но домашниот есап не излегува на пазар. И покрај тоа што на неговиот „брат“ Борисов му имал ветено се што ќе му дојде на памет тоа не беше доволно и Бугарија не дозволи почеток на преговорите.

Како што во една прилика рече Заев дека „бугарско вето го скршило“ поразот на локалните избори го дотолчи. Најави оставка која ја одолговлекуваше до вчера.

Но, како што дојде кукавички така и си заминува, без отчет. Но, македонскиот народ и онака не го избра па да поднесува сметка. Сметката Заев веројатно ќе треба да ја плати на друго место, подалеку од Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.