Последните бројки објавени од Министерството за здравство покажуваат алармантно ниво на раширеноста на епидемијата на Ковид-19 во Македонија.

Регистарот на Министерството покажува рекордни за еден ден 641 позитивен случај во 2.688 направени тестирања. Тоа значи дека дури 24% од тестираните граѓани биле позитивни, односно дека речиси секој четврти тест бил позитивен.

Таа бројка од 24% е практично пет пати поголема од стапката од 5% за која СЗО вели дека е неопходна за да се смета дека епидемијата е под контрола.

Направените 2688 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-702,  Биотек-253, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори) -245, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-32, ЦЈЗ Битола-161, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-96, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.