Поранешниот пратеник, министер и директор на Царина, Горан Сугарески, откако беше предложен за кандидат за градоначалник на Прилеп, изјави дека влегува во најважната политичка битка во неговиот живот

Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани. Од денеска па натаму, се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме – напиша Сугарески на фејсбук.

Тој додаде дека нема да дели, туку ќе обединува.

Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Дека искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја интегрирам во мојата изборна Програма. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник на, без исклучок, сите граѓани на општина Прилеп – вели Сугарески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.