Кога има фалсификување, не смее да се толерира повторување на ова кривично дело и полицијата не требало да чека две години да се направат 219 пасоши со лажен идентитет за светски криминалци, смета Љубомир Ѓурчевски, поранешен висок функционер на МВР, коментирајќи ја за „Фактор“ акцијата „Двојник“.

Поранешниот началник на МВР смета дека четиригодишната толеранција на ваквото работење на државните службеници, односно на овластени лица, е срам за кредибилитетот на државата.

Тоа е воедно на штета на милион други истраги во други држави. Со образецот на кој е направен секој пасош може да се помине на кој било скенер во странство. Затоа за ова се поднесува оставка. Тоа е како да му одобриш азил на криминалец без постапка. Кај овие референти што се уапсени, се врши задолжителен надзор хиерархиски од началниците, што значи дека работено е со аманет од надворешни моќници. Ова е поткрепено и со тоа што за да извадиш пасош, потребен ти е матичен извод, односно лична карта. Како дошле до овие документи?, вели Ѓурчевски.

Поранешниот разузнавач Павле Трајанов вели дека затаила контролата и вели дека уште долго ќе се работи на истрагата за да се откријат сите прикриени криминалци под лажен идентитет, како и тоа кој се е вовлечен во оваа афера. Тој додава дека вклученоста на канцеларијата на амбасадата на САД и Интерпол во овој случај е само технички со стручна помош и методи на препознавање.

Целата сторија на „Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.