Поранешната пратеничка на БЕСА Теута Биљали на денешното сведочење за настаните од „27 април“ потврди дека поранешнииот претседател на Собранието Трајко Вељаноски постапувал согласно Деловникот.
Биљали објасни дека потпишала барање за продолжување на седницата за следниот ден, петок 28 април.
На прашање на адвокатот Еленко Миланов дали имала сознание дека пратеникот Зекирија Ибраими од говориницата ќе ја испее химната на Албанија таа јасно одговори Не.
Биљали исто така беше децидна дека во пратеничката група никогаш не станало збор за пеење на албанската химна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.