Т.н. попис, 2021,  е неуспешен според многу критериуми и заради многу причини, но најважното е што многу го потценија народот, и овој што сѐ уште е тука и оној што си заминал. Им ги разбраа и препознаа сите некадарности, игри и договорени планови, напиша на својот фејсбук профил универзитетската професорка Благица Новковска, долгогодишната поранешна директорка на Државниот завод за статистика.

„Директорот на ДЗС изјави: ‘…со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата…’ Што значи ова? Знае ли што кажува? Не знае колку одбиле да се попишат, ама сите се целосно опфатени?!  Да го потсетам единица на попис им беа државјаните! Не знам дали знае, но најсигурно е дека денес затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле. Единствено е сигурно – сега за сега – дека собрале 1.832.696  ЕМБГ. Така  барем денес ја информираа јавноста“, напиша Новковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.