Да си кажам навреме: Не се плашам од попишувачите туку се плашам за нив и тоа во што се втурнати, порача вели поранешната долгогодишна директорка на Заводот за статистика Благица Новковска.

Може и не се свесни, но полнолетни се па си знаат за што ги ангажирале и на кои ризици ќе бидат изложени. Ич не се плашам ниту од амбициозните млади а неуки што ни делат лекции, но ним не им берам гајле затоа што знаат за што и за кого одработуваат. Ич не им се плашам ниту на тие што ни се силат со казни ….прости им боже ниту знаат што прават ниту што зборуваат. Секој ден менуваат искази во зависност кој ги истекнал за уши во текот на денот или на кого морале да му се извинат, пишува Новковска.

Вели – Да си прашам, дали ќе ги казнуваат тие од дијаспората што бојкотираат?

Законот е еден и одредбите важат за сите. Не, нема да ги казнуваат ниту отселените ниту тие што се тука. Ќе мора да ги испочитуваат нивните одлуки да не учествуваат во нешто што ги прекршува нивните човекови права и го нарушува нивното човечко достоинство. После ќе треба да пребројат колку не им учествувале во процесот на разнебитување за да се подготви оценка на валидноста на тоа што го нарекуваат попис!!!, додава Новковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.