Што сѐ не излажавте овие четири години, ја запраша власта Љубомир Јосифовски, поранешен пратеник од НСДП. Тој додаде доколку не се кадарни и не знаат како да се справат со проблемите веднаш да си поднесат оставка.
Четири години владеете и се што кажавте, ИЗЛАЖАВТЕ…
До пред 6 години, едни ДРУГИ се изживуваа, не малтретираа и не натераа да излеземе на улица. Знаеме како ја платија цената.
ВАМ времето уште првата година ви помина, но добивавте шанса и пораки, со надеж дека ќе се поправите и ништо не послушавте. Памет очигледно не ви иде…
ВЕДНАШ ДА ГИ УКИНЕТЕ тоа дискриминаторските одлуки и забрани со селекции и поделби, затоа што последиците и сите штети се на ВАША одговорност. Ако не сте кадарни и не знаете како, уште денес ОСТАВКА да си поднесете.
Инаку….. НАРОД ЌЕ ВИ СЛУЧИ, НАРОД…
Кај и да е, јас ќе го најдам пенкалото и пак излегувам на улица деновиве … Сам, двајца, тројца… небитно
П.С
Нема само улица да остане… Се гледаме и на избори, директно во рингот….- напиша Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.