Глобалната иницијатива против организираниот криминал го објави извештајот во кој се анализираат тековите и жариштата на организираниот криминал на Балканот. Во делот на граничните премини на македонска територија се издвојуваат два: Богородица на границата кон Грција и Јажинце, во близина на Тетово кон Косово.

Преминот Богородица, според извештајот е „транзитна точка за трговија со дрога: особено за хероин кој доаѓа во регионот; како и за канабис кој се шверцува од Албанија кон Грција и Турција.“, додека преминот Јажинце, „се смета за хотспот за трговија со различни стоки“.

Поранешен полициски офицер, чие име не се наведува во извештајот, објаснува како се одвива илегалната трговија преку Јажинце:

По полноќ, околу 3 часот наутро, полицијата и цариниците често добиваат наредба од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат едно половина час. За тоа, се разбира, добиваат адекватна награда. Камионот кој поминува во тој период ѝ припаѓа на криминална група која го дели профитот со високи функционери на владејачката албанска партија. Недалеку од официјалниот граничен премин се наоѓа и илегална рута која криминалните групи ја користат за шверц со камиони, трактори и коњи; се наведува во извештајот. За одбележување е дека интервјуто со поранешниот полицаец било водено во ноември 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.