Декретот од претседателот Џо Бајден на САД кој се однесува на земјите од Балканот испраќа важна порака и до политичарите од Македонија, посебно тие од власта.

Во Македонија, но и во земјите од регионот изминатиот период се случија голем број на корупскиски скандали како „Рекет“, „Меѓународен сојуз“, „РЕК Битола“, заплената на дрога од страна на ДЕА, случајот Рашковски, Ден Дончев, Лидија Димова. Во сите нив беа вклучени владини претставници па дури и министри.

Досега само „Рекет“ има судска разрешница, додека за Ден Дончев кој во видео снимка беше фатен како става пари во торба или пак Лидија Димова која даваше европски пари за фризерница нема никакво обвинение.

(фото: МИА)

 

Секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот. Секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права. Секој кој бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа-се наведува во Декретот на Бајден.

Ова е трета важна одлука на администрацијата на претседателот Бајден во однос на регионот во последниве недели. Најпрво на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до врвот на поранешната владејачка партија ГЕРБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.