Четири лица од Лабараторијата на ЈЗУ Здравствен дом Велес, се ставени во самоизолација поради контакти со лица при земање на крв во Лаборторија, а кои не биле искрени односно лажеле при давање на одговори на здравствените работници за тоа дака веќе имале контакти со заразени или сомнителни на Ковид-19.

Како што информира за МИА д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом и апелира до сите пациенти кои се јавуваат за било каква медицинска помош во нивните служби да бидат искрени.

Апелирам до сите нив да бидат искрени да не лажат кога нашите здравствени работници им поставуваат прашања за нивната здравствена состојба, како и за претходни ризични контакти со луѓе кои се позитивни на Ковид-19 или со лица вратени од странство,кои спаѓаат во ризична група, потенцира д-р Тодоров.

Согласно препораките на Министерството за здравство, во оваа здравствена установа, кај Итната медициска помош уште од почетокот на вонредната состојба обезбедена е посебна просторија за прием на пациенти кои се сомнителни на Ковид-19, а со цел заштита на другите пациенти кои се во истиот момент во тој објект, како и превенција од ширење на заразата, информира др Тодоров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.