Во тек на вчерашниот ден, сите хоспитализирани Ковид пациенти од модуларната болница во Кавадарци се префрлени во Ковид А Одделот, кој се наоѓа на 4-от кат од болницата и има капацитет од 30 болнички кревети.

Станува збор за вкупно 14 Ковид пациенти, кои во моментот се на болничко лекување. Како што појаснува директорот на болницата, д-р Диме Коцев за „Фокус”, одлуката е донесена со цел да се заштеди на електрична енергија.

-Одлуката за префрлање на пациентите е донесена поради ниските температури и огромната потрошувачка на електрична енергија, затоа што греењето во модуларната болница е исклучиво на струја, со инвертер клими, за разлика од болницата, каде имаме централно греење. Со ваквиот домаќински пристап ќе се направи голема заштеда на финансиски средства, посебно ако се земе во предвид фактот дека следи еден подолг период кој е најладен во годината. Во модуларната болница веднаш ќе се изврши комплетна дезинфекција и истата ќе биде спремна за прием на нови пациенти доколку за тоа има потреба – вели д-р Коцев за Фокус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.