Во период кога земјата се наоѓа во портокалова фаза и кога температурите надминуваат и 40 степени Целзиусови, децата што престојуваат во градинките во најтоплиот период од денот мора да се седат во затворен простор без пуштени клима-уреди, пренесува порталот „Деца“. Тоа е така поради протоколите за заштита од ковид-19 според кои работат градинките и мора строго да се придржуваат на нив.

Многу од родителите реагираат на ваквата состојба, оценувајќи ја како нелогична. Децата да седат во затворени простории, во кои и се служи и храна, а температурите се високи.

Надлежните во градинките, пак, велат дека се соочуваат со казни ако ги прекршат протоколите за работа, но и дека има поделени реакции меѓу родителите чии децата таму престојуваат. Велат дека наоѓаат решенија како да работат во соодветни, но и пријатни услови и за нив и за децата, па така често ги проветруваат просториите, но и пуштаат прочистувачи на водухот.

Повеќе на Деца.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.