Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поради однапред закажани обврски, беше спречен да присуствува на рочиштето за 27 април, велат од партијата.
Доколку биде уредно поканет ќе сведочи на првото наредно рочиште. Со задоволство ќе посведочи за вистината, наспроти политичките злоупотреби и прашини кои што се креваат за овој случај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски беше повикан за сведок на денешното рочиште, на кое сведочеа поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и Владимир Нелоски.
За денеска е планирано и вештак да го презентира вештачењето на телефонот на Aлександар Василевски-Нинџа и неговото движење на 27 април 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.