Повеќе од половина час, авионот со кој леташе премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета поради снежното невреме во Скопје, потврдувија за ТВ24, неофицијално од СДСМ.

Медиумите информираат дека најверојатно ќе биде пренасочен во Софија или Истанбул.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со портпаролот на Владата, Миле Бошњакоски, но не успеа да добие било какви информации.

На социјалните мрежи се појави фотографија на рутата на движење на авионот на премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.