Поради неспобноста на власта и министерот за здравство, Венко Филипче да набават вакцини против ковид-19 секојдневно згаснуваат човечки животи. Во последниот дневен биланс на заразени и починати лица може да се забележи починатото 25-годишно лице од Гевгелија. Според нашите информации, младиот гевгеличанец бил лице со Даунов синдром.

Дваесет и петгодишникот од Гевгелија, кој почина вчера, е лице со Даунов синдром. Исто така, тој веќе некое време бил позитивен на коронавирусот, ни раскажа жител од овој регион.

По ваквиот случај се отвара и темата дали власта има некаков план и мисли на лицата со било каква попреченост кога станува збор за нивна заштита од ковид-19. Очигледно дека не, затоа што до сега не ги спомна како дел од процесот за вакцинирање и не ги смета во приоритетна група.

За тоа да овие лица не се стават во приоритетната група за вакцинирање апелираа и од канцеларијата на Народниот правобранител. Оттаму велат дека направиле анализа на Националниот план за вакцинација и никаде не ги сретнале лицата со попреченост како и оние што се грижат за нив, без разлика дали се членови на нивните семејства или асистенти. Со ова барање се обратиле и до Премиерот и до Министерот за здравство.

Само за потсетување министерот за здравство Венко Филипче веќе подолг временски период повикува на масовно вакцинирање на граѓаните против КОВИД-19, а како ќе се вакцинираат граѓаните кога тој и надлежните не обезбедуват доволно вакцини за сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.