Десетици илјади Македонци  кои живеат во странство може да останат незапишани на пописот бидејќи доцни издавањето на македонските  патни документи. Тие веќе половина година апелираат да им се издадат патни документи бидејќи најправо не можат да го продолжат престојот во земјата ,  а и поради тоа што нема да можат да бидат попишани како нерезиденти

Процедурата  за издавање пасоши оди споро и се чека и по неколку месеци. Барањата најмногу се однесуваат за Германија, Австрија, Швајцарија, Малта  и во други европски земји.

Тие нема да можат да бидат попишани ни во својата земја бидејќи се отсутни и по неколку години од Македонија а сега нема да можат да влезат ни во листата на дијасората.

Нивното регистрирање ќе се прави од први март до 21 април со регстрирање на интернет страницата на Заводот на статистика.Но, тоа ќе биде невозможно без важечки пасош.

Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија во 2021 година, покрај државјаните на земјата кои се присутни во државата за време на пописот, ќе се попишуваат и државјаните кои се нерезидентни граѓани, односно оние кои во периодот на пописот се надвор од земјата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.