Поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова, одложено денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“.
Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот, е закажано за 2 септември.
Стручен соработник во Судот, пред почетокот на рочиштето, ги инфомира присутните дека судењето ќе се одложи поради тоа што јавната обвинителка Лиле Стефанова, ќе се тестира за КОВИД-19.
Бранителот на Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ, по одложувањето на денешното рочиште, во изјава за медиуми, рече дека биле известени дека обвинителката побарала одлагање, затоа што наводно била во контакт со суспектна особа на Ковид-19.
Ова е причина за одлагање, во оваа ситуација, каде што важат мерките за пандемија, но се прашувам што ќе беше ако се случеше со некој од бранителите, такво нешто. Најверојатно ќе беше повик, дека е притворски предмет и дека е итна постапката, па се одолговлекува, но никогаш тоа не се случило со обвинителството, што покажуав колку се рамноправни страните во постапката, изјави Давидовиќ.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.