177 деца од ООУ Братство Единство од Охрид се во изолација поради контакт со позитивни професори. Информацијата ја потврди директорот на училиштето, кој вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлајн.
Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца (по две од шесто, седмо и деветто одделени) и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик – вели за Охрид 1 директорот на училиштето Џамал Мехмед.
Директорот додава дека како училиште постојано ги следат препораките од министерството и во целост ги спроведуваат. Дезинфекциски средства има во потребни количини, често се проветрува, но сепак поради мал ризик учениците наставата ќе ја следат од дома.
Што се однесува до наставниот кадар, Мехмед вели дека истиот е 98% имунизиран и дека и професорите кои во моментов се во изолација се со примени две дози на вакцина.
Што се однесува до мене јас сум за настава со физичко присуство, но ние како училиште сме подготвени за вакви ситуации наставата во целост да ја спроведеме и он лајн – вели директорот.
Инаку не само од ООУ Братство Единство, ученици во изолација има и во останатите училишта во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.