Во ковид центрите во Скопје во изминативе 24 часа се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации предизвикани од корона вирусот. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.
Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.
Во текот на вчерашниот ден, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, на Инфективната клиника седум, а во Козле биле примени два пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Од Министерството соопштуваат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.