Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје поради компликации од корона вирусот се хоспитализрани 43 нови пациент. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти, а 19 биле примени на Инфективната клиника. Во текот на вчерашниот ден во Козле бил примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.