Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Од министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8. Септември“ имало 15 примени пациенти, а 12 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 3 нови болни, додека 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ „8. Септември“ има вкупно 144 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има 8 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.
Вкупно 679 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.