Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Од Министерството за здравство информираат дека на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 406 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 и голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка – велат од Министерството за здравство.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 28 приеми, а вкупно се лекуваат 166 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четворица примени пациенти, а 12 биле примени на Инфективната клиника, додека на Институтот за белодробни заболувања во Козле не биле примени пациенти.
Според статистиката на ресорното Министетство, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, на Клиниката за инфективни болести 131 пациент, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.