Оваа зимска сезона на Попова Шапка ќе има дополнителни места за паркирање, информираат од ски-ценарот.
Станува збор за две нови локации на ски-центарот кои се адаптирани за паркиралишта.
Покрај веќе познатиот паркинг спроти полициска станица означен како П1, оваа сезона се пуштени во целосна употреба и два нови постоечки паркинзи. Паркингот П2 е лоциран под хотел Славија, a Паркингот П3 се наоѓа спроти хотел Скардус. Истите се обележани со соодветна сигнализација и континуирано ќе се одржуваат од службите на Ски-центарот. Апелираме до граѓаните да ги користат овие паркинг места за да се спречи создавањето на сообраќаен хаос којшто го имаме со години, особено за време на зимската сезона – информира раководител на ски-центарот Попова Шапка, Живко Алексовски.
Од ски-центарот соопштија и дека е направен координативен состанок со претставници на полицијата со цел да се најдат решенија за сообраќајниот метеж и паркирањето во екот на сезоната.
Главна тема на состанокот беше регулирање на сообраќајот и насочување на посетителите на означените паркинзи без наплата П2 и П3 со цел намалување на гужвата низ Ски-центарот и одржување на ред во сообраќајот. Исто така, се разговараше и за безбедноста на скијачите на ски – патеките, односно контрола на движењето на моторните санки и АТВ возилата кои се во приватна сопственост, а кои согласно Законот за скијалишта не смее да се движат на ски патеките – информираат од ски-центар Попова Шапка.
За скијачите на Попова Шапка годинава на располагање ќе биде и ски-парк што беше изграден во измитиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.