Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на денешното свое обраќање на протестот кој се одржа пред МНР под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ во името на младите и Унијата на млади сили побара оставка од Зоран Заев и оние кои викендот преговараа со нивните колеги од Софија односно од министерот за надворешни Бујар Османи и неговите соработници.
Денеска ќе ви се обратам не само како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ туку и како ваш пријател, брат, сограѓанин и човек кој што заедно со вас ја дели љубовта кон нашата татковина Република Македонија. Драги млади, ние не смееме да бидеме запаметени како генерацијата која прекасно се спротивставила и не успеала да си го одбрани она што е нејзино и она што и припаѓа. А тоа е достоинствена држава Република Македонија, во која ќе се чувствуваме како дома и држава која ќе си ја чувствуваме како своја, а не одродена, предадена и понижена од Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров“ нагласи Попов.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во името на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ и младите во Македонија побара оставка од Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров.
Младите во Република Македонија не се млади на кои што може лесно да им ја свиткате кичмата и не се млади кои ќе прифатат понижување и одродување од она што е свое и што им припаѓа, заради некои лични профитерски игри на власта. Младите во Република Македонија оние кои што сме присутни овде но верувам и оние кои што не се присутни жестоко ќе се спротивставиме на оваа тотално распродавање на македонскиот национален идентитет на нашата историја, нашата култура и она што значи национална посебност. Во името на младите и во името на Унијата на млади сили денеска барам оставка од Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров, истакна Попов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.