Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, вечерва одржа средба со ИО на СДСМ Неготино, а потоа учествуваше на маалска средба со граѓаните на Неготино.

Многу општини ширум државата се трансформираа на подобро, забележан е сериозен развој и напредок во локалните самоуправи. Покажавме дека за нас зборот е збор, дека она што го ветуваме пред граѓаните, тоа и го реализираме. Така знае и може СДСМ, секогаш за и со граѓаните, секогаш на страна на државните интереси. Затоа денеска со право може да кажеме дека СДСМ го има „Најдоброто за секоја општина”, истакна Попов.

Владата предводена од СДСМ, додаде тој, минативе 4 години инвестираше над 10 милиони евра во над 36 километри патна инфраструктура на општина Неготино, тоа е доказ за соработката на централната и локалната власт, предводени од СДСМ.

СДСМ нема да застане тука, се модернизиравме, се менуваме, го слушаме гласот на секој граѓанин, од секоја општина, од секој регион, затоа победуваме и затоа ќе креираме најдобра кадровска и програмска понуда што сигурно ќе донесе победа на претстојните локални избори, заклучи Попов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.