Во 50 пописни реони во Македонија се спроведува Пописот на население, домаќинства и станови, кој започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември. Од први март, пак, своето право го користи дијаспората, која се попишува онлајн.

Надлежните потенцираат дека операцијата ќе биде безбедна и за здравјето и за податоците.

Пописот е безбеден и за личните податоци на попишаното население како што е безбеден за здравјето. Со почитување на здравствените протоколи се гарантира дека нема да стане извор на зараза, а со обезбедување домашни фирми и хостинг во Македонија се гарантира безбедноста на податоците на граѓаните на земјава.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за Република потврди дека апликацијата ја изработуваат домашни фирми и сите податоци се чуваат во Македонија.

Хостингот… јас не сум техничар, јас сум економист. Соработуваме со домашни фирми и сите информации се чуваат во Македонија, изјави Симовски со што одговори на нашето прашање дали хостингот е во Македонија или надовр во друга земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.