Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера.

Како што објави Државниот завод за статистика, можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле 193.168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално почна на 5 септември ќе трае до 30 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.