Вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера.

Државниот завод за статистика објави дека можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле 199.819 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24. ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе трае до 30 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.