Додека Државниот завод за попис чека конкретни насоки од здравствените власти за протоколите и мерките за реализирање на пописот, д-р Никола Пановски вели дека теренскиот дел од операцијата може да се одложи за еден или два месеци.
Микробиологот претпоставува оние што ќе им ги отворат вратите на попишувачите тоа да го направат во дворовите или на терасите, а предложува први за непосредниот дел од пописот да бидат оние стотина илјади кои го прележаа корона-вирусот.
Некаде од 15 мај, ќе може да се прими попишувачот на тераса или двор. Или со отворен прозорец, доколку нема тераса. До попишувачот ќе може да се седи со заштитна маска во најголемата просторија во домот.
Прво да се оди кај овие 100.000 што прележале Ковид-19, за да се искористи рокот да се вакцинираат во меѓувреме другите. Иако и сега е безбедно, може тогаш да биде побезбедно, иако тешко дека ќе го убедите народот дека е безбедно, вели Пановски дава симулација за тоа како би изгледал пописот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.