„Не бев на средбата на која се носеше политички договор за одложување на пописот и немам одговорност за тајминзите. Не може да се прави сметка без крчмар, требаше да се процени дека ќе влеземе во цајтнот“, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери според, кого во постапката за одложување има соодветни процедури што треба да се поминат.
Тој ѝ го вратил во Владата Предлог-законот за измени на Законот за попис, поради, како што рече, формални пропусти, и очекува во текот на денот да биде вратен во Собранието. Сепак, Џафери, на денешната прес-конференција, рече дека не може да каже дали за денес ќе биде закажана седница за изгласување на потребата од донесување на законот по скратена постапка.
Џафери вели дека согласно со важечкото решение, статистичката операција треба да почне уште утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.