Македонија поради две причини не доби датум за почеток на пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија во најавениот рок, а една е незадоволителната работа во поглед на реформите, оцени челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во текот на гостувањето на Алфа телевизија истакнувајќи дека опозицијата се ангажирала кај партнерите во ЕУ, но оти власта не одговара позитивно на понудата од опозицијата за синхронизирано настапување.

Прво немаме доволно реформи, се тоа е убаво на хартија, за жал имплементацијата изостанува. Од последната афера со Рашковски па наназад, се се нотира во извештаите на земјите членки на ЕУ, они се сведоци на овој криминал и злоупотреби на судството. Вториот столб е тоа што Заев е уценет човек од неговиот ментор Еди Рама, ги соединија Македонија и Албанија во патот кон ЕУ. Жртва сме во овој процес и нема да добиеме дата за отпочнување преговори со ЕУ, ниту во јули нема да добиеме, рече Мицкоски

Додаде дека на премиерот Зоран Заев му понудил помош во евроинтеграциите, но дека не добил одговор.

Му рековме ‘не ни треба да влеземе во влада да делиме влада со тебе, но да ви помогнеме до октомври заеднички да успееме да ја донесеме Македонија пред добивање датум’. Неколку седмици поминаа немаме повратен одговор, оваа понуда не е со неограничен период, таа престанува да важи“, рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лобира за ова прашање кај своте сестрински партии во Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.