ДИК поништи едно гласачко место во Кичево со 412 гласачи. Пријавата беше поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во периодот од 15 до 17 часот, на тоа гласачко место гласале 297 гласачи или во превод на секој 24 секунди, што според нив е невозможно.

Поради тоа, Комисијата донесе одлука да се отвори гласачкиот материјал и да се направи проверка. Беше констатирано дека гласале 412 гласачи запишани во избирачкиот список, но при проверката беа најдени четири дополнителни гласачки ливчиња.

Во проверката и броењето учествуваше лично и претседателот на Комисијата, Оливер Дерковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.