Уставниот суд ги поништи решенијата на Кривичниот и на Апелациониот суд со кои парично беа казнети адвокатите Павлина Зефиќ и Панче Тошковски во предметот за настаните во Собранието од 27 април, јавува „Досие.мк“. На адвокатите им е повредено уставното право на „слобода на мислата и на јавното изразување на мислата“, велат од Уставниот суд, од каде што потенцираат дека слободата на мислата и јавното изразување на мислата претставува субјективно право, кое е нераскинливо поврзано со човековата личност.

Зефиќ и Тошковски, кои поднесоа претставка до Уставниот суд против решенијата на Кривичниот и на Апелациониот суд, беа едни од повеќето адвокати кои ги застапуваа обвинетите за настаните од 27 април и кои беа парично казнети и отстранети од судењето.

Адвокатите беа казнети откако се пожалија на условите во кои се одвиваше распитот на загрозениот сведок во старата зграда на Кривичниот суд, каде што беше префрлен распитот поради технички пречки во новиот објект на судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.