Една изборна единица, без изборен праг, отворени листи, пропорционален модел – помалите парламентарни партии повторно, овој пат во пресрет на гласањето за нова Влада, го актуелизираат нивното барање за реформи во изборното законодавство.
Сепак, не прецизираат дали ова ќе биде услов за власта во замена за нивните пратенички гласови за владиниот состав, но велат дека ќе инсистираат сите поголеми партии што побрзо да дадат зелено светло. На средба во Собранието петмина пратеници кои се потписници на предлог-законот од март годинава, порачаа дека целта не е спас на малите партии, туку еднаквост на гласот..
Првиот обид на пратениците за измени во изборниот законик пред ланските парламентарни избори помина неуспешно со амандманска блокада од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, па и во 2020 се гласаше по истиот модел, прифатен уште во 2002 година.. Пролеттва сепак, по последната лидерска средба со Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека за нив е прифатлива една изборна единица, но ДУИ останаа против.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.