Во низата решенија кои синоќа се пишуваа во МВР, а со кои се распоредуваат партиски сили на клучни раководни позиции во полицијата во пресрет на формирањето на техничката влада, се најде и Драган Симоновски, поранешен советник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, објави Инфомакс.
Симоновски ѝ е познат на јавноста. Во март 2018 година беше уапсен поради оддавање на службена тајна, односно на осомничена во случај на МВР ѝ кажал дека нејзините активности се следат и нејзиниот телефон е под посебни истражни мерки.
Во објаснувањето на делото тогаш МВР објави:
На директен начин лицето ја пренело службената тајна потенцирајќи дека над нејзе е во тек примена на посебна истражна мерка што е причина за нивната средба и тоа посебна истражна мерка со која се следат нејзините телефонски броеви и дека над истата се применува мерка следење предупредувајќи ја да престане да го прави тоа што го прави и да биде внимателна.
Сепак, ОЈО се премисли во октомври 2018 година и наместо да поведе кривична постапка, донесе решение за отфрлање на кривичната пројава против Симоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.